Алатка за процена на ризик – Насилство и вознемирување

Дефиниција за Насилство и Вознемирување на Работното Место

Мали компании

Конвенцијата на МОТ бр. 190 за насилство и вознемирување на работа ги дефинира насилството и вознемирувањето како: 

Поимот “насилство и вознемирување” во светот на работата се однесува на низа неприфатливи однесувања и практики, или закани за нив, без оглед на тоа дали се еднократни или повторени, што имаат за цел или резултираат со, или веројатно би резултирале со, физички, психолошки, сексуални или економски повреди и штети, и вклучува родово базирано насилство и вознемирување.

Ова значи дека насилството и вознемирувањето се движат од помали случаи на непочитување до посериозни дела, вклучувајќи кривични дела. Меѓутоа, за да се смета за насилство и вознемирување, таквото однесување мора да биде „неприфатливо“, врз основа на субјективни и објективни согледувања.

Ова, на пр., значи дека конструктивните „конфликти“ и ублажените и решените конфликти не се сметаат за насилство или вознемирување. Секојдневните одлуки на раководството, легитимните коментари и совети поврзани со работни задачи, вклучувајќи ги негативните реакции на раководителите и надзорниците за успешноста во работата или однесувањата поврзани со работата, спроведувањето на политика на компанијата или изречената дисциплинска мерка што се вршат разумно и со почит, исто така, не се сметаат за вознемирување.

Дополнително, сторителот не мора да има намера да предизвика штета за некое дело да се смета за насилство и вознемирување:

Невклучувањето на намерата во дефиницијата носи обврска за работодавачите да ги спречат и ублажат насилството и вознемирувањето, дури и кога сторителот немал намера да предизвика штета на другото лице.

Истовремено, насилството и вознемирувањето претставуваат однесување што може да создаде заплашувачка, непријателска или понижувачка работна средина.

Насилството и вознемирувањето сами по себе се психосоцијална опасност и истовремено се силно поврзани со други психосоцијални опасности што може да предизвикаат појава и опстојување на насилството и вознемирувањето. За успешно спречување и справување со насилството и вознемирувањето, според тоа, често е неопходно и адресирање, спречување и управување со другите психосоцијални опасности. Видете рамка 1 за дефиниција за психосоцијални опасности.

Рамка 1: Дефиниција за психосоцијални опасности

Психосоцијалните опасности се однесуваат на аспектите на организацијата, дизајнот и управувањето со работата што имаат потенцијал да предизвикаат штета (на пр., нереалистични барања на работното место, нејасни улоги, недостиг на организациска поддршка, вознемирување и малтретирање на работното место) на индивидуалното здравје и безбедност, на организациите (на пр., отсуство поради болест, намалена продуктивносто, човечки грешки) и на општеството (на пр., зголемени инвалидски пензии, трошоци за здравствена заштита, итн.) (Leka, Aditya, & Lerouge, 2017)

Насилството и вознемирувањето може да се случат во секое време и каде било, на сите места и во сите околности поврзани со работата, вклучително на работното место, надвор од работното место, за време на и по завршувањето на работното време. Овде се вклучени местата каде што работникот се плаќа, го користи периодот за одмор или оброк, или ги користи санитарните простории и просториите за миење и пресоблекување, на пр., во канцеларии, домови, јавни простори и капацитети за сместување обезбедени од работодавачот. Тоа може да се случи и во текот на патувањето до и од работа, за време на службени патувања, обуки, настани и социјални активности, и преку комуникации поврзани со работата (вклучувајќи ги онлајн комуникациите).

Конвенцијата ги вклучува сите „работници” независно од нивниот договорен статус, на пр., баратели на работа, волонтери, стажанти, приправници, практиканти, работници со договори за вработување без гаранција за бројот на работни часови и други нестандардни форми на вработување, вклучувајќи ги оние што работат онлајн на виртуелни работни места или преку платформи, самовработени лица, работници од дома и лица што вршат овластувања, должности и одговорности на работодавач.

Насилството и вознемирувањето може да бидат:

  • Вертикални: од или против лица што вршат овластувања, должности или одговорности на работодавач (на пр., работодавачот лично, раководители и надзорници),
  • Хоризонтални: насочени кон некое лице на исто рамниште (на пр., колега)
  • вклучуваат трети страни, како клиенти, пациенти, патници или купувачи.

Треба да се забележи дека вертикалното вознемирување често може да има поголемо влијание врз изложените работници, бидејќи управителот треба, исто така, да работи на превенција и ублажување на насилството и вознемирувањето. Покрај тоа, управителот е во позиција на сила во однос на работникот.

Облици на насилство и вознемирување.

Насилството и вознемирувањето може да бидат во повеќе облици. Во Рамка 2 се наведени различните облици на насилство и вознемирување и како тие може да се случат на работното место.

Рамка 2: Облици на насилство и вознемирување  

(Приспособено од: “Насоки за вознемирување, вклучувајќи полово вознемирување, на работа” и “Насоки за (трети страни) насилство на работа” – (Данска служба за безбедност и здравје при работа, 2011 г.)

Физичко насилство се однесува на физичките чинови на агресија или сила. Ова може да вклучува физички напади, како што се туркање, зграпчување, буткање, сопнување, удирање шлаканици, гризење, гребење, удирање, клоцање, бодење и фрлање со предмети како и физички полови напади, вклучително и силување.

Закани за насилство може да вклучуваат закана кон вработените, него или неа, семејството на вработениот или кон имотот на вработениот. На пр., „ќе те убијам“, „знам каде живееш“, „знам во кое училиште одат твоите деца“, како и физички закани користејќи го говорот на телото.

Вознемирување се однесува на какво било несоодветно однесување што е насочено кон некое лице или група лица. Однесувањето може да биде понижувачко, заканувачко и да предизвикува психолошка штета. Вознемирувањето вклучува вербално навредување или малтретирање, полово вознемирување, демнење и вознемирување на интернет. Вознемирувањето може да се заснова врз расно или етничко потекло, род, сексуална ориентација, возраст, религија, попреченост или која било друга лична карактеристика.

Примери за постапки на вознемирување (Списокот не е исцрпен)

  • Викање или исмевање.
  • Сурови или навредливи забелешки
  • Погрден јазик
  • Прекинување, упаѓање во збор или други начини на оневозможување на некое лице да зборува или да заврши со зборувањето.
  • Неразумно лишување или намалување на одговорностите и задачите
  • Навредливи телефонски повици
  • Погрдни пишани пораки, слики и видеа (вклучително на социјалните медиуми)
  • Исклучување некој вработен од работа со луѓе или од учество во активности поврзани со работата.
  • Непријателство или молчење во одговор на прашања или обиди за разговор.
  • Задржување информации што се од суштинско значење за ефективна успешност во работата
  • Потценување на работата на вработените, вложениот труд или нивната компетентност
  • Понижување или исмевање на некој подреден или колега, на пр., поради возраст, пол, родов идентитет, сексуална ориентација, расно потекло, култура, националност, религиозни уверувања, образование или економска состојба.
  • потценувачки коментари или подбивање со попреченоста на некое лице,
  • задавање невозможни цели или крајни рокови или бесмислени задачи
  • Намерно менување на работното време или распоредот за работа за да создадат пречки за определени работници.

Половото вознемирување се однесува на какви било несакани или несоодветни сексуални постапки или предлози. Ова може да вклучува физички постапки како што е несаканото допирање или напади, како и вербално однесување како што се сексуално сугестивни коментари или шеги или барање сексуални противуслуги. 

Македонско законодавство
Македонското законодавство го дефинира половото вознемирување, како секое вербално, невербално или физичко однесување од полов карактер кое има за цел или претставува повреда на достоинството на кандидатот за вработување или на вработениот, а кое предизвикува чувство на страв или создава непријатност, пониженост.

Примери за постапки на полово вознемирување (Списокот не е исцрпен)

  • полов напад, силување.
  • несакан физички контакт, вклучувајќи поташкување, штипкање, скокоткање, галење, бакнување, гушкање, милување, триење од, ограничување на движењето или несоодветно допирање.
  • поставување наметливи прашања за приватниот живот или телото на некој вработен
  • кажување шеги и коментари од полов карактер.
  • навредливи коментари или шеги за сексуалната ориентација.
  • повторени покани за забавување без оглед на одбивањето.
  • барање сексуална противуслуга во замена за ветено работно место или унапредување.
  • споделување или прикажување сексуално експлицитни слики, видеа, позадини на екранот или постери.

Родово базирано насилство и вознемирување значи насилство и вознемирување што се насочени кон лицата поради нивниот пол или родов идентитет, или што несразмерно погаѓаат лица од определен пол или род и вклучува полово вознемирување (Конвенција на МОТ бр. 190).

Онлајн насилство и вознемирување се однесува на користењето технологија, како интернет или социјални медиуми, за вознемирување, заплашување или малтретирање некое лица во работното окружување, на пр., преку испраќање заканувачки или сурови пораки или слики, ширење гласини или лажни информации на интернет, или исклучување некое лице од социјалните групи на интернет.

Малтретирање или мобинг во светот на работата е повторено навредливо однесување преку осветнички, сурови или злонамерни обиди за понижување или деморализирање поединечен работник или група работници (Chappell & Di Martino, 2006). Покрај тоа, малтретирањето или мобингот се разликуваат од другите облици на вознемирување со тоа што секогаш станува збор за едно исто лице и група луѓе што се систематски изложени на вознемирување. Често вознемирувањето се врши од едно исто лице(лица). Може, на пример, да станува збор за едно или повеќе лица што редовно и во текот на подолг временски период – или повторено и грубо – изложуваат едно или повеќе лица на вознемирување.

Насилство и вознемирување од трето лице

Насилство и вознемирување од трето лице се случува кога сторителот или лицето што е предмет на насилство и вознемирување е лице надвор од претпријатието. Ова може, на пример, да бидат клиенти, купувачи, корисници на услуги, даватели на услуги, кооперанти, пациенти, граѓани, студенти, ученици, политичари или управители надвор од претпријатието.

Насилство и вознемирување од трето лице насочени кон работниците често се случува во секторите и работните функции што се карактеризираат со:

  • Управување со посакувани вредности, на пр., пари, лекови или скапи или лесно тргувани стоки. Може, на пример, да постои ризик од грабеж за лицата што работат во банки, при превоз на пари, во продавници и супермаркети, на бензински пумпи, во продавници што се отворени 24/7, возачи на такси или при превоз на вредни стоки.
  • Вршење контролна функција или извршување овластувања, на пр., работа како чувар, прислужник на паркинг, наставник или шеф во продавница.
  • Работа со луѓе што се во неволја или може потенцијално да станат насилни. На пример, во болници, институционални или дневни центри за лица со ментални попречености или деменција. Може да се случи и при работа во лекување зависници, во пабови/барови и дискотеки (индустрија за забава), во шопинг центри, социјални служби, јавен превоз, образование, и домашна работа.

Вознемирувањето и насилството може потенцијално да погодат кое било работно место и кој било работник, вклучувајќи ги работниците на раководни позиции, независно од големината на претпријатието, дејноста или формата на договорот за вработување или работниот однос. Меѓутоа, работниците во определени сектори и занимања може да бидат под поголем ризик, особено од насилство од трета страна.

Големи компании

Конвенцијата на МОТ бр. 190 за насилство и вознемирување на работа ги дефинира насилството и вознемирувањето како: 

Поимот “насилство и вознемирување” во светот на работата се однесува на низа неприфатливи однесувања и практики, или закани за нив, без оглед на тоа дали се еднократни или повторени, што имаат за цел или резултираат со, или веројатно би резултирале со, физички, психолошки, сексуални или економски повреди и штети, и вклучува родово базирано насилство и вознемирување.

Ова значи дека насилството и вознемирувањето се движат од помали случаи на непочитување до посериозни дела, вклучувајќи кривични дела. Меѓутоа, за да се смета за насилство и вознемирување, таквото однесување мора да биде „неприфатливо“, врз основа на субјективни и објективни согледувања.

Ова, на пр., значи дека конструктивните „конфликти“ и ублажените и решените конфликти не се сметаат за насилство или вознемирување. Секојдневните одлуки на раководството, легитимните коментари и совети поврзани со работни задачи, вклучувајќи ги негативните реакции на раководителите и надзорниците за успешноста во работата или однесувањата поврзани со работата, спроведувањето на политика на компанијата или изречената дисциплинска мерка што се вршат разумно и со почит, исто така, не се сметаат за вознемирување.

Дополнително, сторителот не мора да има намера да предизвика штета за некое дело да се смета за насилство и вознемирување:

„Дефиницијата не ја вклучува намерата како еден од конститутивните елементи. Со тоа што не ја вклучува намерата, Конвенцијата бр. 190 усвојува прагматичен пристап што е насочен кон жртвата и се фокусира на неприфатливоста на однесувањето, практиките или заканите и нивниот ефект врз жртвите“. (Упатство за Конвенцијата на МОТ бр. 190)

Невклучувањето на намерата во дефиницијата носи обврска за работодавачите да ги спречат и ублажат насилството и вознемирувањето, дури и кога сторителот немал намера да предизвика штета на другото лице.

Истовремено, насилството и вознемирувањето претставуваат однесување што може да создаде заплашувачка, непријателска или понижувачка работна средина.

Насилството и вознемирувањето сами по себе се психосоцијална опасност и истовремено се силно поврзани со други психосоцијални опасности што може да предизвикаат појава и опстојување на насилството и вознемирувањето. За успешно спречување и справување со насилството и вознемирувањето, според тоа, често е неопходно и адресирање, спречување и управување со другите психосоцијални опасности. Видете рамка 1 за дефиниција за психосоцијални опасности.

Рамка 1: Дефиниција за психосоцијални опасности

Психосоцијалните опасности се однесуваат на аспектите на организацијата, дизајнот и управувањето со работата што имаат потенцијал да предизвикаат штета (на пр., нереалистични барања на работното место, нејасни улоги, недостиг на организациска поддршка, вознемирување и малтретирање на работното место) на индивидуалното здравје и безбедност, на организациите (на пр., отсуство поради болест, намалена продуктивносто, човечки грешки) и на општеството (на пр., зголемени инвалидски пензии, трошоци за здравствена заштита, итн.) (Leka, Aditya, & Lerouge, 2017)

Конвенцијата бр. 190 упатува на насилство и вознемирување што се случува во текот на, е поврзано со или произлегува од работата, како во формалната, така и во неформалната економија, и независно дали станува збор за приватниот или јавниот сектор.

Насилството и вознемирувањето може да се случат во секое време и каде било на сите места и во сите околности поврзани со работата, вклучително на работното место, надвор од работното место, за време на и по завршувањето на работното време. Овде се вклучени местата каде што работникот се плаќа, го користи периодот за одмор или оброк, или ги користи санитарните простории и просториите за миење и пресоблекување, на пр., во канцеларии, домови, јавни простори и капацитети за сместување обезбедени од работодавачот. Тоа може да се случи и во текот на патувањето до и од работа, за време на службени патувања, обуки, настани и социјални активности, и преку комуникации поврзани со работата (вклучувајќи ги онлајн комуникациите).

Конвенцијата ги вклучува сите „работници” независно од нивниот договорен статус, на пр., баратели на работа, волонтери, стажанти, приправници, практиканти, работници со договори за вработување без гаранција за бројот на работни часови и други нестандардни форми на вработување, вклучувајќи ги оние што работат онлајн на виртуелни работни места или преку платформи, самовработени лица, работници од дома и лица што вршат овластувања, должности и одговорности на работодавач.

Насилството и вознемирувањето може да бидат:

  • Вертикални: од или против лица што вршат овластувања, должности или одговорности на работодавач (на пр., работодавачот лично, управители и надзорници),
  • Хоризонтални: насочени кон некое лице на исто рамниште (на пр., колега)
  • вклучуваат трети страни, како клиенти, пациенти, патници или купувачи.

Треба да се забележи дека вертикалното вознемирување често може да има поголемо влијание врз изложените работници, бидејќи управителот треба, исто така, да работи на превенција и ублажување на насилството и вознемирувањето. Покрај тоа, управителот е во позиција на сила во однос на работникот.

Облици на насилство и вознемирување.

Насилството и вознемирувањето може да бидат во повеќе облици. Во Рамка 2 се наведени различните облици на насилство и вознемирување и како тие може да се случат на работното место.

Рамка 2: Облици на насилство и вознемирување  

(Приспособено од: “Насоки за вознемирување, вклучувајќи полово вознемирување, на работа” и “Насоки за (трети страни) насилство на работа” – (Данска служба за безбедност и здравје при работа, 2011 г.)

Физичко насилство се однесува на физичките чинови на агресија или сила. Ова може да вклучува физички напади, како што се туркање, зграпчување, буткање, сопнување, удирање шлаканици, гризење, гребење, удирање, клоцање, бодење и фрлање со предмети како и физички полови напади, вклучително и силување.

Закани за насилство може да вклучуваат закана кон вработените, него или неа, семејството на вработениот или кон имотот на вработениот. (на пр., „Ќе те убијам“, „знам каде живееш“, „знам во кое училиште одат твоите деца“, како и физички закани користејќи го говорот на телото.

Вознемирување се однесува на какво било несоодветно однесување што е насочено кон некое лице или група лица. Однесувањето може да биде понижувачко, заканувачко и да предизвикува психолошка штета. Вознемирувањето вклучува вербално навредување или малтретирање, полово вознемирување, демнење и вознемирување на интернет. Вознемирувањето може да се заснова врз расно или етничко потекло, род, сексуална ориентација, возраст, религија, попреченост или која било друга лична карактеристика.

Примери за постапки на вознемирување (Списокот не е исцрпен)

  • Викање или исмевање.
  • Сурови или навредувачки забелешки
  • Погрден јазик
  • Прекинување, упаѓање во збор или други начини на оневозможување на некое лице да зборува или да заврши со зборувањето.
  • Неразумно лишување или намалување на одговорностите и задачите
  • Навредливи телефонски повици
  • Погрдни пишани пораки, слики и видеа (вклучително на социјалните медиуми)
  • Исклучување некој вработен од работа со луѓе или од учество во активности поврзани со работата.
  • Непријателство или молчење во одговор на прашања или обиди за разговор.
  • Задржување информации што се од суштинско значење за ефективна успешност во работата
  • Потценување на работата на вработените, вложениот труд или нивната компетентност
  • Понижување или исмевање на некој подреден или колега, на пр., поради возраст, пол, родов идентитет, сексуална ориентација, расно потекло, култура, националност, религиозни уверувања, образование или економска состојба.
  • потценувачки коментари или подбивање со попреченоста на некое лице,
  • задавање невозможни цели или крајни рокови или бесмислени задачи
  • Намерно менување на работното време или распоредот за работа за да создадат пречки за определени работници.

Половото вознемирување се однесува на какви било несакани или несоодветни сексуални постапки или предлози. Ова може да вклучува физички постапки како што е несаканото допирање или напади, како и вербално однесување како што се сексуално сугестивни коментари или шеги или барање сексуални противуслуги. 

Македонско законодавство
Македонското законодавство го дефинира половото вознемирување, како секое вербално, невербално или физичко однесување од полов карактер кое има за цел или претставува повреда на достоинството на кандидатот за вработување или на вработениот, а кое предизвикува чувство на страв или создава непријатност, пониженост.

Примери за постапки на полово вознемирување (Списокот не е исцрпен)

  • полов напад, силување.
  • несакан физички контакт, вклучувајќи поташкување, штипкање, скокоткање, галење, бакнување, гушкање, милување, триење од, ограничување на движењето или несоодветно допирање.
  • поставување наметливи прашања за приватниот живот или телото на некој вработен
  • кажување шеги и коментари од полов карактер.
  • навредливи коментари или шеги за сексуалната ориентација.
  • повторени покани за забавување без оглед на одбивањето.
  • барање сексуална противуслуга во замена за ветено работно место или унапредување.
  • споделување или прикажување сексуално експлицитни слики, видеа, позадини на екранот или постери.

Родово базирано насилство и вознемирување значи насилство и вознемирување што се насочени кон лицата поради нивниот пол или родов идентитет, или што несразмерно погаѓаат лица од определен пол или род и вклучува полово вознемирување (Конвенција на МОТ бр. 190).

Онлајн насилство и вознемирување се однесуваат на користењето технологија, како интернет или социјални медиуми, за вознемирување, заплашување или малтретирање некое лица во работното окружување, на пр., преку испраќање заканувачки или сурови пораки или слики, ширење гласини или лажни информации на интернет, или исклучување некое лице од социјалните групи на интернет.

Малтретирање или мобинг во светот на работата е повторено навредливо однесување преку осветнички, сурови или злонамерни обиди за понижување или деморализирање поединечен работник или група работници (Chappell & Di Martino, 2006). Покрај тоа, малтретирањето или мобингот се разликуваат од другите облици на вознемирување со тоа што секогаш станува збор за едно исто лице и група луѓе што се систематски изложени на вознемирување. Често вознемирувањето се врши од едно исто лице(лица). Може, на пример, да станува збор за едно или повеќе лица што редовно и во текот на подолг временски период – или повторено и грубо – изложуваат едно или повеќе лица на вознемирување.

Насилство и вознемирување од трето лице

Насилство и вознемирување од трето лице се случува кога сторителот или лицето што е предмет на насилство и вознемирување е лице надвор од претпријатието. Лицата што не се дел од претпријатието може, на пример, да бидат клиенти, купувачи, корисници на услуги, даватели на услуги, кооперанти, пациенти, граѓани, студенти, ученици, политичари или управители надвор од претпријатието.

Насилство и вознемирување од трето лице насочени кон работниците често се случува во секторите и работните функции што се карактеризираат со:

  • Управување со посакувани вредности, на пр., пари, лекови или скапи или лесно тргувани стоки. Може, на пример, да постои ризик од грабеж за лицата што работат во банки, при превоз на пари, во продавници и супермаркети, на бензински пумпи, во продавници што се отворени 24/7, возачи на такси или при превоз на вредни стоки.
  • Вршење контролна функција или извршување овластувања. На пример, при работа во полиција, затвори, за владата, политичка партија, оптинска управа/локална самоуправа, училишта, при проверка на билети во јавниот превоз и како лице вработено на паркинг.
  • Работа со луѓе што се во неволја или може потенцијално да станат насилни. На пример, во болници, институционални или дневни центри за лица со ментални попречености или деменција. Може да се случи и при работа во психијатриски одделенија, во третман за злоупотреба на супстанции, во пабови/барови и дискотеки (индустрија за забава), во шопинг центри, социјални служби, јавен превоз, образование, домашна работа и работа во полиција и итни служби.

Како заклучок, вознемирувањето и насилството може потенцијално да погодат кое било работно место и кој било работник, вклучувајќи ги работниците на раководни позиции, независно од големината на претпријатието, дејноста или формата на договорот за вработување или работниот однос. Меѓутоа, работниците во определени сектори и занимања може да бидат под поголем ризик, особено од насилство од трета страна.