Македонскиот правен контекст за превенција на насилство и вознемирување на работното место
Мали компании
Најважното македонско законодавство кога станува збор за спречувањето и ублажувањето на насилството и вознемирувањето поврзани со работата е наведено долу.
Македонскиот Закон за заштита од вознемирување на работното место, во член 5 од Поглавјето за психичко и полово вознемирување на работно место, го наведува следново:
(1) Психичко вознемирување на работно место, во смисла на овој Закон, е секое негативно однесување од поединец или група кое се повторува, континуирано и систематски, претставува повреда на достоинството, интегритетот, угледот и честа на вработениот и предизвикува чувство на страв или создава непријатност, пониженост, чија крајна цел може да биде повреда на физичкото и менталното здравје, компромитирање на професионалната иднина на вработениот, престанок на работниот однос или напуштање на работното место.
(2) Полово вознемирување, во смисла на овој Закон, е секое вербално, невербално или физичко однесување од полов карактер кое има за цел или претставува повреда на достоинството на кандидатот за вработување или на вработениот, а кое предизвикува чувство на страв или создава непријатност, пониженост.
Македонскиот Закон за еднакви можности на жените и мажите го наведува следново:
„Се забранува дискриминација, вознемирување и сексуално вознемирување врз основа на пол во јавниот и приватниот сектор во областите на вработувањето и трудот“.
Македонскиот Закон за спречување и заштита од дискриминација (Службен Весник, 2020), ги обврзува работодавачите да преземаат соодветни мерки за спречување и решавање на случаите на дискриминација, вклучувајќи насилство и вознемирување, на работното место. Ова вклучува спроведување политики и процедури за пријавување и решавање на случаите и обезбедување обука за вработените за препознавање и спречување дискриминација.
Македонскиот Закон за безбедност и здравје при работа (Службен Весник, 2013), наведува дека работодавачот има обврска да обезбеди безбедност и здравје при работа за неговите вработени од секој аспект поврзан со работата. Во рамките на неговите обврски, работодавачот мора да презема мерки потребни за безбедност и здравје при работа на вработените.
Работодавачот има директна одговорност за креирање превентивна култура на работното место земајќи ги предвид не само физичките, хемиските, еколошките туку и психосоцијалните ризици, вклучувајќи ги меѓучовечките односи меѓу работниците, раководството, како и со трети страни.
Процени на ризикот на работното место и изјави за безбедност
Работодавачите, исто така, се одговорни за спроведување процени на ризиците во однос на безбедноста и здравјето при работа. Тоа вклучува идентификација, процена и спречување на ризиците. Работодавачот мора да ангажира специјалисти за безбедност и здравје при работа за спроведување на процената на ризиците. Процената на ризиците претставува основа за изјавата за безбедност, што ги прецизира мерките што треба да се преземат за спречување, управување со и ублажување на ризиците.
Работодавачите, исто така, ја обезбедуваат документацијата за процената на ризици и треба да обезбедат дека работниците и работничките претставници земаат учество во процената на ризиците. Во согласност со македонското законодавство, работодавачот е обврзан да обезбеди мислење од синдикатот или претставникот на вработените во случаите кога не постои синдикат.
Големи компании
Македонскиот правен контекст за превенција на насилство и вознемирување на работното место
Најважното македонско законодавство кога станува збор за спречувањето и ублажувањето на насилството и вознемирувањето поврзани со работата е наведено долу.
Македонскиот Закон за заштита од вознемирување на работното место, во член 5 од Поглавјето за психичко и полово вознемирување на работно место, го наведува следново:
(1) Психичко вознемирување на работно место, во смисла на овој Закон, е секое негативно однесување од поединец или група кое се повторува, континуирано и систематски, претставува повреда на достоинството, интегритетот, угледот и честа на вработениот и предизвикува чувство на страв или создава непријатност, пониженост, чија крајна цел може да биде повреда на физичкото и менталното здравје, компромитирање на професионалната иднина на вработениот, престанок на работниот однос или напуштање на работното место.
(2) Полово вознемирување, во смисла на овој Закон, е секое вербално, невербално или физичко однесување од полов карактер кое има за цел или претставува повреда на достоинството на кандидатот за вработување или на вработениот, а кое предизвикува чувство на страв или создава непријатност, пониженост.
(3) Однесувањето од ставовите (1) и (2) на овој член се смета за психичко, односно полово вознемирување на работното место, доколку не престанало и по писменото предупредување од страна на вознемируваното лице дека му пречи однесувањето на вршителот на вознемирувањето и дека ќе го смета за вознемирување на работно место.
(4) Вознемирување на работно место претставува и поттикнување или наведување на однесување во смисла на ставовите (1) и (2) на овој член.
Македонскиот Закон за еднакви можности на жените и мажите го наведува следново:
„Се забранува дискриминација, вознемирување и сексуално вознемирување врз основа на пол во јавниот и приватниот сектор во областите на вработувањето и трудот“.
Македонскиот Закон за спречување и заштита од дискриминација (Службен Весник, 2020), ги обврзува работодавачите да преземаат соодветни мерки за спречување и решавање на случаите на дискриминација, вклучувајќи насилство и вознемирување, на работното место. Ова вклучува спроведување политики и процедури за пријавување и решавање на случаите и обезбедување обука за вработените за препознавање и спречување дискриминација.
Вработените што се предмет на насилство или вознемирување на работното место имаат право да поднесат претставка до македонската Комисија за спречува и заштита од дискриминација. Ако се потврди претставката, на работодавачот може да му биде наложено да преземе корективни мерки и може да се смета за одговорен за надоместување на штетата. (видете дел 3.2)
Македонскиот Закон за безбедност и здравје при работа (Службен Весник, 2013), наведува дека работодавачот има обврска да обезбеди безбедност и здравје при работа за неговите вработени од секој аспект поврзан со работата. Во рамките на неговите обврски, работодавачот мора да презема мерки потребни за безбедност и здравје при работа на вработените, вклучувајќи заштита од професионални ризици, обезбедување информации и обука и обезбедување соодветна организација и потребни средства.
Работодавачот има директна одговорност за креирање превентивна култура на работното место земајќи ги предвид не само физичките, хемиските, еколошките туку и психосоцијалните ризици, вклучувајќи ги меѓучовечките односи меѓу работниците, раководството, како и со трети страни.
Процени на ризикот на работното место и изјави за безбедност
Работодавачите, исто така, се одговорни за спроведување процени на ризиците во однос на безбедноста и здравјето при работа. Тоа вклучува идентификација, процена и спречување на ризиците. Работодавачот мора да ангажира специјалисти за безбедност и здравје при работа за спроведување на процената на ризиците. Процената на ризиците претставува основа за изјавата за безбедност, што ги прецизира мерките што треба да се преземат за спречување, управување со и ублажување на ризиците.
Работодавачите, исто така, ја обезбедуваат документацијата за процената на ризици и треба да обезбедат дека работниците и работничките претставници земаат учество во процената на ризиците. Во согласност со македонското законодавство, работодавачот е обврзан да обезбеди мислење од синдикатот или претставникот на вработените во случаите кога не постои синдикат.
Оттаму, сите работодавачи се законски обврзани да се воздржуваат од какви било облици на насилство и вознемирување врз основа на дискриминација и мора да го организираат целосниот работен процес на начин што е здрав и безбеден за сите своите вработени, соработници, партнери и клиенти.