Алатка за процена на ризик – Насилство и вознемирување

Вовед и Основни Информации

Мали компании

Дел од честите повреди на работничките права на работното место се вознемирувањето и насилството.

Кога македонските работници пријавуваат насилство и вознемирување, тие често се соочуваат со процедури за докажување на насилството и вознемирувањето што се прилично сложени и економски исцрпувачки. Ова обесхрабрува голем број работници да бараат заштита од системот.

Оваа алатка има цел да им помогне и да ги поддржи македонските мали и средни претпријатија (МСП) и стручните лица во областа на безбедноста и здравјето при работа (БЗР) што ги поддржуваат МСП во превенцијата и справувањето со насилството и вознемирувањето на работа. Сметајќи дека превенцијата е најдобриот начин и важен чекор во справувањето со проблемот на насилството и вознемирувањето поврзани со работата. 

Насилството и вознемирувањето може да имаат сериозни физички и ментални последици за лицата што ги претрпеле. Продуктивноста, ефикасноста и еланот на работното место и целата организација може, исто така, да бидат погодени, бидејќи насилството и вознемирувањето може да создадат заплашувачка, непријателска или понижувачка работна средина и може да доведат до зголемени стапки на изостанување од работа и на обрт на вработените.

Работодавачот мора да обезбеди безбедност и здравје при работа за сите вработени, вклучително и превенција на и управување со насилството и вознемирувањето поврзани со работата.

Оваа алатка беше нарачана од Меѓународната организација на трудот (МОТ) и е изготвена од меѓународниот експерт за безбедност и здравје при работа, Нина Хедегард Нилсен, и националниот експерт за БЗР, Милан Петковски.

Целни групи

Оваа алатка е изготвена за мали и средни претпријатија (работодавачи, управители, работнички претставници и работници) и за стручните лица од областа на БЗР. Таа се обидува да го помогне справувањето, превенцијата и ублажувањето на насилството и вознемирувањето во светот на работата користејќи го методот на процена на ризици.

Македонско законодавство
Стручни лица и експерти за безбедност и здравје при работа што се сертифицирани од државата се потребни за да им помогнат на работодавачите и претпријатијата во спроведувањето процена на ризици.

Големи компании

Дел од честите повреди на работничките права на работното место се вознемирувањето и насилството. Иако во македонското законодавство овој проблем се третира со неколку правни решенија, само определени работници (вклучувајќи ги работниците на раководни позиции) имаат позитивни искуства во однос на добиената правда во слчаите на повреди на безбедноста и здравјето при работа.

Кога македонските работници пријавуваат насилство и вознемирување, тие често се соочуваат со процедури за докажување на насилството и вознемирувањето што се прилично сложени и економски исцрпувачки. Ова обесхрабрува голем број работници да бараат заштита од системот.

Оваа алатка има цел да им помогне и да ги поддржи македонските претпријатија и стручните лица во областа на безбедноста и здравјето при работа (БЗР) во превенцијата и справувањето со насилството и вознемирувањето на работа, сметајќи дека превенцијата е најдобриот начин и важен чекор во справувањето со проблемот на насилството и вознемирувањето поврзани со работата. 

Насилството и вознемирувањето може да имаат сериозни физички и ментални последици за лицата што ги претрпеле. Жртвите на насилство или вознемирување може да страдаат од, на пр., телесни повреди, стрес, вознемиреност, депресија, исцрпеност и посттрауматски стрес. Насилството и вознемирувањето може, исто така, да претставуваат повреда на човековите права или злоупотреба.

Продуктивноста, ефикасноста, и еланот на работното место и целата организација може, исто така, да бидат погодени, бидејќи насилството и вознемирувањето може да создадат заплашувачка, непријателска или понижувачка работна средина. Насилството и вознемирувањето може да доведат до зголемено изостанување од работа и високи стапки на обрт на вработените. Организациите може да се соочат со законски и финансиски последици ако не успеат да се справат со и да ги спречат сериозните инциденти на насилство и вознемирување на навремен и делотворен начин.

Работодавачот мора да обезбеди безбедност и здравје при работа за сите вработени, вклучително и превенција на и управување со психосоцијалните ризици, вклучувајќи ги насилството и вознемирувањето поврзани со работата. 

Оваа алатка беше нарачана од Меѓународната организација на трудот (МОТ) и е изготвена од меѓународниот експерт за безбедност и здравје при работа, Нина Хедегард Нилсен, и националниот експерт за БЗР, Милан Петковски.

Целни групи

Оваа алатка е изготвена за поголемите и средните претпријатија (работодавачи, управители, работнички претставници и работници) и за стручните лица од областа на БЗР. Таа се обидува да го помогне справувањето, превенцијата и ублажувањето на насилството и вознемирувањето во светот на работата користејќи го методот на процена на ризици.

Меѓутоа, алатката може да биде корисна и за други засегнати страни, на пр., владини службеници, трудови инспектори, организации на работодавачите и на работниците.

За микро и малите претпријатија беше изготвена друга, пократка алатка (линк до алатка)

Македонско законодавство
Стручни лица и експерти за безбедност и здравје при работа што се сертифицирани од државата се потребни за да им помогнат на работодавачите и претпријатијата во спроведувањето процена на ризици.